ПРИСУСТВО НА СФОМ НА СЕМИНАР НА СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ (WOW)
Претседателството на Синдикатот на работниците од Финансиските организации на Македонија (СФОМ) учествуваше на семинар организиран од Светската организација за права на работниците (WOW), кој се одржа во Порто, Португалија.
Темата на семинарот беше „Digitalization and Artificial Intelligence: What are the consequences for the value of work and workers’ rights“, со цел да се разгледаат предизвиците и можностите што дигитализацијата и вештачката интелигенција ги носат за работниците и нивните права.
Во рамки на настанот се одржа и собрание на кое се избра ново раководство на WOW, при што СФОМ активно учествуваше во процесот на гласање и дискусиите за идниот развој и насоки на организацијата.
Присуството на СФОМ на овој меѓународен настан претставува потврда за континуираната посветеност кон унапредување на правата на работниците и размена на добри практики со партнерите од целиот свет.

