Претседател

Бобан Ристески дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2011 година го положил правосудниот испит. Во 2014 година завршил двегодишни постдипломски студии од областа Менаџмент во осигурителни компании и се стекнал со научен степен Магистер на науки од областа на осигурувањето.

Во 2008 година се вработува во Комерцијална банка АД Скопје и се приклучува кон Синдикалната организација каде зема активно учество во сите активности на СФОМ. Во 2013 година станува заменик претседател на Синдикалната организација при Комерцијална банка АД Скопје, а од 2017 година и нејзин претседател.

Од април 2019 година е претседател на Синдикатот на финансиските организации на Македонија (СФОМ).