За нас

Синдикатот на работниците на финасиските организаци на Македонија е независна, самостојна и доброволна организација формирана со цел за остварување и подобрување на колективните и поединечните интереси на своите членови.  СФОМ е регистриран 05.11.1994 година, во него во моментов членуваат 20 организации со над 4500 членови.

 

Целта на СФОМ е застапување и унапредување на правните, економските, образовните и културните интереси на своите членови преку начелата на еднаковост, солидарност и единственост во согласност со највисоките стандарди и најдобрите практики во Европа. Правните и економки интереси СФОМ ги застапува и унапредува преку преговарање, колективни договори и обезбедување на правна помош. Образовните и културни интереси ги остварува преку организирање на семинари, работилници, обуки, спортски игри и обезбедување на останати поволности за своите членови.

 

Во Синдикатот може да се зачлени секој работник кој е вработен во една од организациите кои се членки на СФОМ. Синдикатот ги организира и опфаќа работниците од сите видови финансиски организации. Синдикатот во остварување на своите цели и задачи ги користи истите средства и облици на синдикална борба во рамките на уставното уредување на Република Македонија.