Традиционални спортски игри во организација на БОФОС Србија
Во организација на БОФОС Србија, оваа 2024година игрите се одржаа во Кладово-Србија. Традиционалните спортски игри претставуваат значаен регионален настан кој негува спортски дух, пријателство и соработка меѓу синдикалните организации. Овие игри редовно собираат учесници од земјите од Балканот и пошироко, овозможувајќи размена на искуства и заеднички активности преку спортот.
Особено значајно е што на игрите учествуваат и членките на СФОМ, што ја зацврстува регионалната соработка и пријателските односи меѓу организациите. Настанот претставува можност за дружење, тимска работа и промоција на здрави животни навики.


