СФОМ, по покана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), присуствуваше на официјалното отворање на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во С. Македонија“, одржано на 11 ноември 2025 година.
Настанот го обедини јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, создавајќи силна основа за соработка во унапредувањето на бе 
збедноста и здравјето при работа.
Во продолжение, неколку значајни пораки од говорниците:
Бесар Дурмиши, министер за економија:
„До 2028 година целта е земјата да има модерен систем за БЗР, усогласен со највисоките стандарди на МОТ и ЕУ… Превенцијата е најдобрата инвестиција.“
Александру Албу, Делегација на ЕУ:
„Инвестирањето во БЗР носи продуктивност, помалку заболувања и поконкурентни компании… Проектот ќе помогне во усогласување на законодавството со ЕУ директивите.“
Љупчо Димовски, Заменик претседател на Владата:
„Потребно е да изградиме систем што гарантира безбедни, здрави и продуктивни работни места за сите.“
Клер Харасти, МОТ DWT/CO-Будимпешта:
„Нашата мисија е јасна – безбедна и здрава работна средина за секој работник, во секој сектор.“
Рита Колумбија, ОН:
„Со заеднички напори можеме да ги постигнеме Целите за одржлив развој за сите.“
Микеле Динели, EU-OSHA:
„Искуството на ЕУ покажува дека вложувањето во превенција се исплаќа — за работниците, компаниите и општеството.“
СФОМ ќе продолжи активно да придонесува кон партнерската соработка меѓу институциите, работодавачите, работниците и меѓународните организации, со единствена цел — побезбедни и поздрави работни места за сите граѓани во државата.







