Во просториите на Народна банка, а во организација на СО при Народна банка и СФОМ, се одржа традиционалниот шаховски настан, на кој 25 шахисти од банки и финансиски институции играа против велемајстор Драгољуб Јаќимовиќ. Натпреварот заврши со три нерешени игри и една победа за претставникот од Комерцијална банка АД Скопје. Драго ни е што настанот прераснува во традиционален натпревар, во кој се споделуваат искуства и мери „силата“ во размислување, носење одлуки преземање одговорност, што шахот го нуди како игра на умови. СФОМ продолжува со поддршка на вакви проекти, со цел промовирање на добри навики и дружење со членовите. 









