Претставници на СФОМ учествуваа на консултативната округла маса организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), во рамки на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во С. Македонија“, која се одржа на 26 декември 2025 година во Хотел Континентал.
На настанот, експертите на МОТ, проф. Агим Шакири и проф. Лазар Јовевски, ги презентираа конкретните проектни задачи и активности, при што беа отворени значајни дискусии со учество на претставници на релевантни институции, организации на работодавачи, синдикати, стручната јавност и други засегнати страни.
Организаторите изразија благодарност за активното учество и придонесот на присутните, нагласувајќи дека ваквата соработка претставува значаен чекор кон подобрување на условите за работа и зајакнување на системот за безбедност и здравје при работа.
СФОМ останува посветен на активно учество во процесите и иницијативите кои придонесуваат за подобрување на работничките права и унапредување на безбедната и здрава работна средина.







