СФОМ домаќин на висока делегација од Европскиот центар за работнички прашања (ЕЗА)
Во текот на изминатата недела, Самостојниот синдикат на работниците од финансискиот сектор на Македонија (СФОМ) беше домаќин на висока делегација од Европскиот центар за работнички прашања (ЕЗА). Посетата ја предводеа генералната секретарка на ЕЗА, г-ѓа Сигрид Шрамл, и претставникот за едукација и обука, г. Љубан Булиќ. Во рамки на посетата беа одржани три работни состаноци.…