Спортот обединува: Успешно одржани традиционалните игри на БОФОС Србија – 2025, Кладово
Во пријателска и натпреварувачка атмосфера, традиционалните спортски игри на БОФОС Србија во 2025 година од 11 до 15 јуни се одржаа во прекрасниот град Кладово, Србија. Настанот повторно ги обедини синдикалните членови од целиот регион, привлекувајќи учесници од Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугатија како и од други европски земји, покажувајќи дека спортот не познава граници.
Гордост е што и оваа година активен дел од игрите беа и членките на СФОМ, кои со својот спортски дух и посветеност придонесоа за уште едно успешно издание на оваа манифестација. Покрај спортските натпревари, настанот понуди и можност за поврзување, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка меѓу синдикатите.
Овие игри не се само спортски натпревар – тие се симбол на солидарност, пријателство и заедништво меѓу работниците од финансискиот сектор.