Спортски игри по повод “Ден на штедење” 2025

На 25 октомври 2025, СФОМ организираше Банкарски спортски игри по повод „Денот на штедењето“, на кои учествуваа повеќето членки со своите тимови и ги одмерија силите во фудбал, баскет, одбојка, тенис, шах, пикадо, куглање и пинг понг.
Игритe се одржаа на терените на СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.
Со промоција на спортскиот дух, СФОМ и оваа година со своите настани продолжува да ја поддржува тимската работа, мотивацијата на вработените во банкарскиот и финансискиот сектор, како и развивањето на здрави навики.