На 30 октомври 2025 година се одржа Квизот на знаење, по повод одбележувањето на Неделата на штедење, во организација на Народна банка и НЛБ банка, а во просториите на Сава пензиско друштво.
По забавен и динамичен натпревар меѓу тимовите пријавени од повеќе членки на СФОМ, победата ја однесе тимот на Народна банка, второто место му припадна на тимот на Халк банка, а третото на тимот на Штедилница Фулм.
Честитки до сите учесници за ентузијазмот и позитивната енергија што ја шират како членови на СФОМ, преку организација и активно учество на вакви социјални настани. Настани од овој вид се уште една потврда дека СФОМ континуирано работи, вложува во своето членство и гради добри практики во духот на соработка и заедништво.
Преку неколку фотографии пренесуваме дел од атмосферата на Квизот.











