Предновогодишна забава на СФОМ 2025
СФОМ и оваа година организираше традиционална предновогодишна забава за своите членови, која се одржа на 10 декември 2025 година во Интермецо.
За одличната атмосфера беше задолжен Либеро Бенд, кој се погрижи за добра музика и позитивна енергија во текот на целата вечер. Интересот за настанот беше исклучително голем, посетеноста и одличното расположение уште еднаш потврдија дека предновогодишните забави на СФОМ стануваат препознатливи како едни од најдобрите вакви настани во градот.
