Тим билдинг кампања – Зајакни го тимот со Винодонија 2021- Хотел Лимак сала Лимра
Синдикатот на Халк Банка, континуирано организира различни активности со цел стекнување доверба и позитивни меѓусебни односи помеѓу своите членови, бидејќи позната е корелацијата помеѓу среќни вработени и ефикасност, продуктивност и мотивираност .
Кога се зборува за среќни вработени се зборува за создавање на пријатно работно место, мотивирачка средина, едноставно убаво место за работа во кое напорната работа и труд се препознаени и наградени.
По втор пат СО при халк Банка награди случајно избрани колеги од различни Филијали и Дирекции, со различни позиции и работен стаж, преку заедничко дружење , да уживаат и да се опуштат во една друга околина која е поразлична од работното секојдневие притоа користејќи ја приликата да се поттикнат теми на разговор преку кои ќе дојде до меѓусебно запознавање,размена на искуства и лични впечатоци и идеи како и предлози за слични настани.