Ви благодарам за пријавувањето на вашите членови за големиот шаховски настан во организација на СО при Народната банка и СФОМ, а по повод 50 години од синдикално здружување на вработените во Народната банка. На 22 табли симултанка со велемајсторот Петар Арнаудов играа 22 учесници, што беше уникатен настан кој ретко се организира кај нас. Учесници пријавија: Народна банка на МК, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје, ВИГ, ТТК банка АД Скопје и Управата за финансиско разузнавање. Сите тие го покажаа тимскиот дух на СФОМ и здружено му се спротивставија на велемајсторот кој воедно е тренер на женската репрезентација на Бугарија којашто е европски првак во моментов.
Играта траеше два и пол часа и резултатот беше 21:1. Колегата Игор Атанасов од Халк банка АД Скопје го победи велемајсторот, што дополнително го збогати овој настан и уште еднаш се докажа дека СФОМ има квалитетни натпреварувачи во спортовите кои ги поддржуваат неговите членки. Честитки на Игор!
Посебна благодарност до Дане Крстевски кој го води шаховскиот тим на Народната банка и Сања Станковиќ од Народната банка кои го организираа и го водеа настанот на високо ниво, како и СФОМ како покровител на настанот и Народната банка која ги овозможи условите за одржување на настанот.

