Претседателот на СФОМ, Бобан Ристески и претседателката на СО при НБРСМ Александра Ѓорѓиевска на 2 и 3 март 2026 година остварија работен состанок во Брисел со претседателот на EZA, Luc Van den Brande, потпретседателот Piergiorgio Sciacqua, благајникот Norbert Schnedl, генералниот секретар Sigrid Schraml и Ljuban Bulic службеник за политики за образование и обука. Целта на состанокот беше финализирање на преговорите за членство на СФОМ во EZA, со што значително ќе се прошири пристапот на нашите членови до обуки, семинари и квалитетни европски социјални програми.
По состанокот, делегацијата на СФОМ присуствуваше на EZA Brussels Conference 2026, каде што се дискутираа актуелните социјални и политички теми, како и значењето на социјалните и синдикалните движења и организации во насока на подобрување на условите за работа и живот во рамките на Европската унија и земјите-кандидати.
Со оваа активност, СФОМ ја потврдува својата посветеност на унапредување на професионалниот развој и социјалната заштита на своите членови.










