На 29 и 30 ноември 2025 година, во хотел „Рамада“ во Гевгелија, под водство на Милан Петковски – национален координатор во ILO – се одржа работилница на тема: „Безбедни и здрави работни услови во финансискиот сектор – право или привилегија?“
Учесниците дискутираа за: подигнување на свеста за глобалните и националните трендови во областа на безбедноста и здравјето при работа; реалната состојба со работните несреќи во Македонија; економските и социјалните трошоци од повредите на работното место; улогата на синдикатите во промоцијата и превенцијата; специфичните ризици во финансискиот сектор, со акцент на психосоцијалните и мускулно-скелетните ризици.
Врз основа на спроведените анкети за општото ниво на информираност кај нашите членови, беше заклучено дека се потребни дополнителни, пообемни истражувања на ниво на СФОМ, како и подобрени програми за обука на вработените во финансискиот и банкарскиот сектор.

