Претседателството на СФОМ на покана од Конфедерацијата на трудот Подкрепа од Бугарија во соработка со ЕЗА, присуствуваше на семинар со тема: “Квалитетни работни места и достоинствени плати: за работнички ориентирана агенда на синдикатите од земјите кандидати за членство во ЕУ”
Семинарот се одржа во Софија, Бугарија од 09.03 до 11.03.2025 година.
Квалитетните работни места и достоинствените плати се основни принципи за работнички ориентирана агенда на синдикатите, особено во земјите кандидати за членство во Европската унија. Синдикатите имаат клучна улога во заштитата на работничките права, промовирањето на безбедни услови за работа и обезбедување фер и редовна плата. Со силна синдикална поддршка, работниците можат да учествуваат во донесување одлуки кои влијаат на нивниот економски и социјален статус, придонесувајќи кон одржлив развој и стабилност на пазарот на трудот.